Ранец City со врвки
500.00 поени
Практичен и лесен ранец со препознатливиот дизајн на Евротип, одличен за секојдневна употреба, тренинг, прошетка или кога ви треба место за најнеопходните работи. Едноставниот начин на отворање и затворање со врвки овозможува брзо да ги спакувате и понесете личните предмети, а истите врвки служат и за носење на ранецот на грб.
Изработен е од полиестер 210D и има димензии 33 × 42 cm, што го прави лесен за носење, а сепак доволно просторен за спортска опрема, облека и други помали предмети.
Црвената боја и Евротип брендирањето му даваат препознатлив изглед, па покрај практичен додаток, ранецот е и дел од Евротип колекцијата.
ⓘ Можни се печатни грешки или евентуални отстапки во изгледот на производите.





