Повеќе зa KS Group Loyalty

Со постојаната грижа за своите клиенти, КС Групација ја креираше KS Group Loyalty програмата – модерен систем на наградување чија цел е да создаде додадена вредност за секој корисник. Нашата мисија е да изградиме заедница на лојални клиенти кои, преку користење на услугите во нашите компании, ќе добиваат конкретни и мерливи придобивки.

Придобивки за клиентите од програмата за лојалност на KS Group

  • Собирање поени при секоја трансакција во компаниите членки на програмата.
  • Искористување на поени за ваучери, попусти или специјални подароци.
  • Пристап до ексклузивни понуди и акции наменети само за членови на програмата.
  • Можност за користење на поените во повеќе компании на групацијата (моментално достапно преку Евротип). 

Визија за иднината

Нашата цел е постепено да ги интегрираме сите компании на КС Групација во единствен Loyalty Market. Со тоа, секој клиент ќе може:

  • да собира поени во една компанија (на пр. Gold Felicia),
  • да ги искористи поените во друга (на пр. Gold Slot Club или Евротип).

Со ваков пристап создаваме иновативен, флексибилен и транспарентен систем, кој ги наградува нашите клиенти и обезбедува поврзана мрежа на можности. Loyalty програмата претставува логичен чекор во визијата на КС Групација – да ја споиме силата на различните индустрии и да ја преточиме во вредност за секој наш клиент.

Со седиште во Битола и деловни активности распространети во повеќе од 15 градови низ Македонија, КС Групацијата ја формира својата деловна стратегија врз основа на јасно дефинирани вредности и деловни принципи кои се соодветни на современите предизвици. Со повеќе од 800 вработени, групацијата продолжува да расте и да се развива, играјќи клучна улога во националната економија.        Пристапот кој обединува иновација, квалитет и општествена одговорност, ја позиционира КС Групацијата како успешен и одговорен бизнис модел, кој не само што ги води своите дејности туку и активно придонесува за општествениот и економски напредок на Македонија.

За Групацијата

КС Групација претставува една од водечките корпоративни групации во Македонија, со долгогодишно искуство и силно присуство во повеќе економски сектори. Во рамки на групацијата работат:

 Со повеќе од 800 вработени и активности во над 15 градови низ Македонија, КС Групација е препознаена како двигател на економскиот и општествениот развој. Нашата стратегија се темели на јасно дефинирани вредности – иновативност, квалитет и општествена одговорност.