НАСТАНИ
Генерални спонзори кои дадоа максимална поддршка за реализација на овој амбициозен проект беа препознатливите брендови на КС Групација.
Како посебна ексклузива, официјалната кола на организаторот доби целосно нов изглед. Евротип и клубовите на Голд Слот ја брендираа со специјално дизајнирани таблички со што дадоа дополнителен визуелен печат на шоуто.
Денот помина во знакот на врвна забава, многу адреналин и натпреварувачки дух. Посетителите и учесниците активно се вклучија во забавните игри, каде што се тестираше силата и издржливоста: од традиционалното кревање бандаж и тргање со јаже, па сè до супер-интересниот натпревар во јадење хот-дог.
Штандовите на генералните спонзори понудија вистинска празнична атмосфера предводена од шармантните хостеси. За најмладите имаше гратис пуканки, додека повозрасните ја испробаа својата среќа на „Среќното тркало“, каде се делеа бројни вредни награди.
Сите собрани средства од Среќното тркало беа донирани во хуманитарни цели, со што овој настан уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност. Важно е да се напомене дека благодарение на Голд Слот, Евротип и Голд Фелициа, награди имаше обезбедено за буквално сите учесници на настанот.
Спектаклот заврши во вечерните часови со масовна посетеност и незаборавна музичка забава предводена од популарното дуо „Два Бона“, кои се погрижија за одлична атмосфера до самиот крај.
Забрането превземање на фотографиите !