НАСТАНИ

Јубилеј од 10 години посветеност во Евротип

Евротип со особена чест го одбележува јубилејот од 10 години работен ангажман на Ирена Наумоска, како дел од тимот кој секојдневно придонесува за развојот и успехот на компанијата.

Овој јубилеј претставува симбол на посветеност, професионалност и доверба – вредности кои се темел на долгогодишната соработка. Лојалноста кон компанијата и посветеноста во работата се меѓу најважните принципи кои Евротип ги препознава и наградува.

Во знак на благодарност за нејзиниот придонес, на Ирена Наумоска ѝ беше доделена плакета за 10 години јубилеј, како и вредносен ваучер.

Евротип е дел од КС Групација, во чиј склоп функционираат повеќе брендови кои заеднички создаваат стабилна и квалитетна деловна средина.

Евротип континуирано вложува во своите вработени, нудејќи добри услови за работа и можности за професионален развој, со јасен фокус на долгорочна соработка и вреднување на лојалноста.

Овој јубилеј е уште еден доказ дека посветеноста и лојалноста се препознаваат и ценат.

Забрането превземање на фотографиите !