77 Ентертејнмент, основана на 1 февруари 2024 година, е најновата членка на КС Групацијата, која амбициозно чекори кон својата визија да стане лидер во маркетингот и продукцијата во Македонија. Иако е нова на пазарот, компанијата веќе се истакнува со динамичност и иновативност, благодарение на својот млад и енергичен тим, посветен на создавање на креативни маркетинг решенија.
77 Ентертејнмент, е горд поддржувач и промотор на македонската музика и силно верува во негување на талентот на македонските уметници како и прикажување на богатата македонска култура пред светот.