Премиум Сејфти приреди вежба за евакуација и противпожарна заштита

На 25 август 2026 година, на стадионот Петар Милошевски, на локација Брдо Тумбе Кафе Битола, нашите колеги од Премиум Сејфти Солушн успешно реализираа практична вежба за евакуација и противпожарна заштита.
Целта на вежбата беше проверка на координацијата и подготвеноста на надлежните субјекти при услови на настанување на пожар или друга вонредна состојба.

“Безбедноста на граѓаните и навременото и правилно постапување во услови на пожар или друга вонредна состојба се од особено значење, особено на објекти каде што во исто време може да има голем број лица” изјави Марија Кукуноска, управител на Премиум Сејфти.

Премиум Сејфти Солушн останува посветен на унапредувањето на културата на безбедност и подигнувањето на нивото на подготвеност на институциите и организациите за справување со ризици и вонредни ситуации.

Забрането преземање на сликите !