Луѓето се срцето на секоја компанија и токму нивната посветеност, искуство и професионалност го движат секојдневниот успех. Овој месец со задоволство одбележуваме значаен јубилеј – 10 години професионален ангажман на Елена Николовска, која е дел од Секторот за финансии.
Низ изминатата деценија, Елена беше дел од бројни работни предизвици, искуства и моменти кои ја збогатија нејзината професионална приказна. По повод овој значаен јубилеј, разговаравме со Елена за нејзиното искуство, професионалниот развој и најважните лекции што ги носат годините поминати во компанијата.
Денес одбележувате 10 години лојалност во нашата компанија. Што значат за Вас овие 10 години и кој момент од досегашното работење најмногу ќе го паметите?
“Овие 10 години за мене претставуваат едно значајно животно и професионално патување. Во текот на овие години стекнав ново искуство,научив многу нови работи, но пред се се развив како професионалец и како личност. Имав можност да се соочам со многу предизвици, одговорности, и да работам со прекрасни колеги. Најмногу ќе ги паметам моментите на доверба и поддршка. “
Ако треба со три збора да ги опишете Вашите 10 години во компанијата, кои би биле тие и зошто?
“Раст – за секоја година што ми донесе ново знаење и искуство.
Предизвик – затоа што секој предизвик ме поттикна да станам подобра во она што го работам.
Пријателства – затоа што низ сите овие 10 години создадов односи со колеги кои прераснаа во вистински пријателства. “
Што Ве прави најгорда кога ќе погледнете на се што сте постигнале досега?
“Најгорда сум на фактот што низ сите овие години не престанав да учам и да се надградувам. Горда сум на довербата што ја стекнав, на одговорностите што сум ги презела и на тоа што секогаш сум се трудела да дадам максимум. Особено ме радува сознанието дека со мојата работа сум придонела за компанијата. “
Што би им порачале на колегите кои денес се на почетокот на својот професионален пат, гледано од Вашето 10-годишно искуство?
“Да бидат трпеливи и никогаш да не престанат да учат. Да ги ценат луѓето со кој работат и да градат добри односи. И најважно да веруваат во себе и да уживаат во процесот бидејќи 10 години поминуваат побрзо отколку што мислиме. “
Десет години се значаен дел од една професионална приказна, а за нас се уште еден убав повод да го истакнеме придонесот на луѓето кои се дел од нашиот тим.
На Елена и благодариме за досегашната посветеност и и посакуваме уште многу успешни години и нови професионални достигнувања со Евротип како дел од КС Групација.
Забрането преземање на сликите !