На 16 јуни 2026 година ја реализиравме нашата 18-та крводарителска акција, продолжувајќи ја традицијата на хуманост и грижа за заедницата која ја негуваме со години.
Акцијата ја организиравме во соработка со Црвен крст и Службата за трансфузиологија, а на неа учествуваа 34 дарители од редовите на нашите вработени и надворешни дарители. Со овој несебичен гест, тие директно придонесоа за обезбедување на неопходни крвни резерви и за спасување човечки животи.