НАСТАНИ

Јубилејни признанија за посветеноста на вработените во КС Групација

Во КС Групација веруваме дека вистинскиот успех се гради преку луѓето. Затоа со особена гордост ги одбележавме јубилеите на нашите колеги кои веќе десет години се дел од нашето заедничко патување и со својата посветеност придонесуваат за развојот на Евротип и Голд Слот Клуб.

Продолжувајќи ја традицијата на јубилејни признанија, и оваа година им оддадовме благодарност на вработените кои со својот труд и професионалност се важен дел од растот на компанијата. Веруваме дека луѓето се нашата најголема вредност и затоа постојано вложуваме во нивниот развој, мотивација и долгорочна стабилност.

Меѓу наградените е Петар Трајковски од секторот за статистика и анализа. Со својата аналитичност и прецизност, тој има значајна улога во обработката и интерпретацијата на податоците, овозможувајќи ни донесување квалитетни одлуки и унапредување на процесите во работењето.
Јубилејни признанија добија и Клаудија Петреска од Прилеп и Сузана Котевска од Новаци – Битола, оператори во обложувалница, кои секојдневно придонесуваат за позитивно искуство на клиентите и ефикасно функционирање на уплатните места. Со својот професионален пристап, комуникациски вештини и тимски дух, тие создаваат пријатна атмосфера и градат доверба кај клиентите.

Како групација, преку компаниите Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа Тетово, Голд Фелициа Битола, 77 Софт, Агро Брод и Премиум Сејфти Солушн, создаваме современа работна средина и широк спектар на можности за професионален развој. Токму синергијата меѓу овие компании, заедно со посветеноста на нашите вработени, претставува основа за стабилен раст и долгорочен успех.
Со ваквите признанија продолжуваме да ја негуваме културата на почитување и благодарност кон нашиот тим, уверени дека секој поединец има важна улога во заедничкиот успех на КС Групација.

Забрането преземање на фотографиите !