КС Групација беше дел од Саемот за кариера CAREER EXPO 2026, кој се одржа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) во Битола. Настанот претставуваше одлична можност за директна средба со студентите и размена на идеи за нивниот професионален развој и идни кариерни чекори.
На нашиот штанд, претставници од секторите за човечки ресурси и маркетинг ги запознаа посетителите со програмата за стипендирање на КС Групација, како и со актуелните можности за кариера во ИТ секторот.