НАСТАНИ

Во КС Групацијата почитта кон жените се покажува секој ден – 8 Март го одбележавме со дополнително внимание

Меѓународниот ден на жената – 8 Март за нас е уште една можност да им изразиме благодарност и почит на жените кои се важен дел од нашиот тим. Во сите градови каде што работиме, на нашите колешки им подаривме цвеќе како мал знак на внимание и признание за нивната посветеност, професионалност и придонес во секојдневното функционирање на компанијата.

По повод празникот организиравме и заедничка прослава, создавајќи пријатна атмосфера за дружење и одбележување на нивната значајна улога во нашата организација.

Веруваме дека почитта и благодарноста кон луѓето со кои работиме треба да се покажуваат секој ден. 8 Март е само уште една можност дополнително да им оддадеме признание на жените кои со својата посветеност, професионалност и енергија придонесуваат за развојот и успехот на нашата компанија.

Забрането превземање на фотографиите !