Со срце за заедницата – реализирана 17-та крводарителска акција на КС Групација
На 13 февруари 2026 година ја реализиравме нашата 17-та крводарителска акција, продолжувајќи ја традицијата на хуманост и грижа за заедницата која ја негуваме со години.
Акцијата ја организиравме во соработка со Црвен крст и Службата за трансфузиологија, а на неа учествуваа 26 дарители од редовите на нашите вработени. Со овој несебичен гест, тие директно придонесоа за обезбедување на неопходни крвни резерви и за спасување човечки животи.
Во крводарителската акција се вклучија колеги од сите компании во рамки на КС Групацијата:
• Евротип
• Голд Слот
• Голд Фелициа
• Премиум Сејфти Солушн
• 77 Ентертејнмент
• 77 Софт
За нас, крводарителските акции не се само настани, туку дел од нашата корпоративна култура и одговорност кон општеството. Веруваме дека секој од нас може да направи разлика, а дарувањето крв е еден од наједноставните и највредните начини да се помогне.
Им благодариме на сите колеги кои се вклучија во акцијата и уште еднаш покажаа дека хуманоста и солидарноста се вистинските вредности што нè обединуваат како компанија.
Со ваквите иницијативи, КС Групацијата ја потврдува својата улога како одговорна компанија што не само што придонесува за економски развој, туку и активно учествува во градењето посилни, похумани и поодржливи заедници.