КС Групацијата со поддршка за најдобрите работници на ЈЗУ УК за Пулмологија и Алергологија
КС Групацијата континуирано инвестира во општествено-одговорни активности што имаат реално и долгорочно влијание врз заедницата. Преку своите компании, Групацијата активно поддржува иницијативи во здравството, образованието и локалниот развој, со цел да се унапредат условите за работа, квалитетот на услугите и благосостојбата на граѓаните.
Како дел од овие активности, компанијата Premium Safety Solutions, членка на КС Групацијата од Битола, ја поддржа манифестацијата за избор на најдобрите вработени во ЈЗУ УК за Пулмологија и Алергологија.
Оваа традиционална иницијатива, која се одржува шеста година по ред, има за цел да ја истакне професионалноста, посветеноста и човечката димензија на медицинскиот персонал, како и да ја поттикне мотивацијата и тимскиот дух во здравствениот систем.
Во рамки на поддршката, Premium Safety Solutions ја обезбеди наградата за најдобра организациска единица, која вклучува ваучер за тимско присуство на кабаре, со организирана вечера и сместување во Битола, во хотелот Gold Felicia.
Со ваквите иницијативи, КС Групацијата ја потврдува својата улога како одговорна компанија што не само што придонесува за економски развој, туку и активно учествува во градењето посилни, похумани и поодржливи заедници.