КС Групација го одбележа Водици со подароци низ Македонија
По повод големиот христијански празник Водици, КС Групација и оваа година ја потврди својата посветеност кон традицијата, заедништвото и локалните заедници, обезбедувајќи бројни подароци за учесниците и среќните пронаоѓачи на светиот крст во повеќе градови низ Македонија.
Во Битола, компанијата Голд Фелициа подари телевизор за среќниот пронаоѓач на светиот крст во црквата Света Недела, додека во населбата Бистрица беа подарени маички за сите учесници во традиционалното фрлање на крстот. Дополнително, во црквата Света Богородица, КС Групација подари крст за среќниот пронаоѓач.
Во Тетово, Ресторан Дајмонд, Евротип и Голд Слот Клуб се вклучија во празничните активности, при што Ресторан Дајмонд подари вредносен ваучер, додека Евротип и Голд Слот подарија телевизор за пронаоѓачот и маички за учесниците.
Во Прилеп, компаниите Голд Слот Клуб и Евротип подарија вкупно 120 маички, 22 новогодишни пакетчиња, 23 икони, како и телевизор за среќниот пронаоѓач на светиот крст.
Во Кавадарци, Голд Слот Клуб и Евротип подарија телевизор за пронаоѓачот на светиот крст, како и маички за сите учесници во празничниот настан.
КС Групацијата, која е составена од седум истакнати компании – Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт, 77 Ентертејмент и Агроброд, преку ваквите активности уште еднаш ја потврдува својата заложба за поддршка на традиционалните вредности и активна улога во заедницата.
Со искрени желби за здравје, среќа и бериќет, КС Групација ја продолжува својата мисија на општествена одговорност и поддршка на настани кои ги обединуваат граѓаните и ја негуваат духовната и културната традиција.