КС Групацијата продолжува со реализација на стипендиската програма
Во рамки на нашата континуирана посветеност кон развојот на младите и унапредување на образованието, КС Групацијата организираше настан на кој беа доделени стипендии на двајца студенти од високообразовни институции во земјата.
Оваа година стипендиската поддршка ја добија: Анѓела Апостоловска, студент на Економскиот факултет – Прилеп, и Александар Тошески, студент на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.
Со овие две стипендии, програмата што КС Групацијата ја реализира трета година по ред достигнува вкупно седум стипендисти, а нејзината цел останува јасна – создавање можности за квалитетно образование, личен развој и практична подготвеност за професионален ангажман.
На настанот се обрати заменик генералниот директор БожидарАнастасов, кој потенцираше дека вложувањето во младите претставува темел на долгорочниот развој и одговорно корпоративно делување.
Стипендиската програма од самиот почеток се води и реализира во рамки на соработката меѓу секторот за маркетинг и секторот за човечки ресурси, а свои обраќања имаа Елена Трајчевска, маркетинг директорка, и Марија Бошевска од човечки ресурси.
Настанот беше збогатен со присуството на претставници од академската заедница, меѓу кои и проф. д-р Јасмина Буневска-Талевска, која ја истакна важноста на соработката помеѓу академската заедница и бизнис секторот.
Преку вакви иницијативи, КС Групацијата продолжува да гради средина во која младите добиваат поддршка, доверба и простор за развој.