Инспирација и иновација од Истанбул: КС Групација на SIGN Istanbul Expo

КС Групација секогаш чекори во ритам со најновите светски трендови. Дел од нашиот маркетинг-тим ја посети меѓународната изложба SIGN Istanbul, еден од водечките саеми за визуелна комуникација, дигитален печат и рекламни технологии.

Целта – да ги истражиме најновите иновации и да воспоставиме нови партнерства кои ќе овозможат уште повисок квалитет во визуелните решенија и брендирањето на нашите компании.

Со своето разнолико портфолио, КС Групацијата обединува седум водечки компании во различни сектори — од спортското обложување и технологијата (Евротип, 77 Софт), преку угостителството, забавата и казино индустријата (Голд Фелиција и Голд Слот Клуб), до маркетинг, безбедносни решенија и иновации (77 Ентертејмент, Премиум Сејфти Солушн, Агроброд).

Оваа посета е уште еден чекор кон нашата визија – да ги спојуваме технологијата, креативноста и претприемништвото во решенија кои го менуваат начинот на кој брендови комуницираат со својата публика.

Забрането преземање на фотографиите !