Евротип и Gold Slot Club од КС Групацијата на „Че трчаме 2025“ во Прилеп – на патеката со спортски дух и енергија!

Прилеп на 31 август пулсираше во ритамот на трчањето – илјадници љубители на спортот учествуваа на маратонот „Че трчаме 2025“ со дистанци од 5 и 10 километри.

Меѓу најгласните поддржувачи и учесници беа Евротип и Голд Слот Клуб, дел од КС Групацијата. Освен што компаниите беа официјални спонзори на настанот, тие ја покажаа и својата спортска страна – дел од вработените се пријавија и ја истрчаа трката, носејќи ја енергијата и тимскиот дух на патеката.

Од тимот на Евротип, со спортски елан настапија Дејан Наумоски, Ангелина-Елизабета Видоноска, Филип Трајаноски, Антонио Јованоски и Антонио Ангелески, секој во својата категорија и должина. Од Голд Слот Клуб на патеката ги видовме Елена Киселоски, Влатко Стојаноски и Филип Цветаноски, кои исто така го пренесоа препознатливиот тимски дух.

Зошто е ова важно? Затоа што спортот не е само рекреација – тоа е начин на живот, инспирација и заедништво. А КС Групацијата уште еднаш потврди дека стои цврсто зад вакви вредности.

Атмосферата беше неповторлива, а позитивната енергија заразна – ова е приказна која вреди да се доживее одблизу!

Забрането преземање на фотографиите !