КС Групација учествуваше на Саемот за кариера - CAREER EXPO 2025
КС Групација со свој штанд беше дел од Саемот за кариера – CAREER EXPO 2025 кој се одржа во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - ФИКТ од Битола.
Овој настан беше прилика за поврзување со студентите и директна комуникација со нив. На штандот беа присутни претставници од секторите човечки ресурси и маркетинг кои ја претставија програмата за стипендирање на КС Групација како и актуелните огласи за вработување во ИТ секторот на Групацијата.
На штандот беа присутни и двата тековни стипендисти на КС Групацијата кои се актуелни студенти на ФИКТ. Тие на посетителите на штандот им споделија свое лично искуство за програмата за стипендирање на КС Групација.

Масовната посетеност на нашиот штанд е доказ за атрактивноста на нашата програма за стипендирање која нуди одлични услови и ги опфаќа сите студенти од бруцоши до апсолвенти.