КС Групација дел од кумството на свечената прослава во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во село Велушина, Битолско

КС Групација во духот на општествената одговорност на 5 и 6 мај беше дел од кумството на свечената прослава по повод големиот христијански празник Ѓурѓовден, одржана во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во село Велушина, Битолско.

Претставници од групацијата беа присутни на самата прослава каде во духот на верата, традицијата и заедништвото заедно со мештаните и верниците од целиот регион беше одбележан празникот на манастирот. КС Групација ќе продолжи и во иднина да поддржува настани со кои се негуваат традиционалните вредности.

Забрането преземање на фотографиите !