По повод 10 – годишнината од постоењето на компанијата, Евротип им подели плакети и награди на своите вработени кои се дел од компанијата од самиот почеток. Нивната посветеност, лојалност, професионализам и ентузијазам се вредности кои го прават нашиот тим посилен и успешен. Им благодариме за нивниот придонес и им посакуваме уште многу години на соработка и раст.