КС Групација активно го поддржува спортот

КС Групација како збир на општествено одговорни компании кои го поддржуваат спортот, донираше спортска опрема за младата атлетичарка Јана Стефановска од Битола која неуморно учествува на трките низ Македонија. Таа учествуваше на 7-от Кавадаречки полумаратон и го освои третото место.

Кавадаречкиот полумаратон воедно претставува прва трка од новоформираната Македонска тркачка лига. КС Групација и го честита постигнатиот успех на младата Јана Стафановска и и посакува уште поголеми успеси во блиска иднина.

Забрането превземање на сликите !