КС Групација наградена со плакета за општествена одговорност

На 61та по ред манифестација “Избор на најдобри спортисти на Битола за 2024 година“, во организација на Општинскиот Сојуз на спортови со поддршка на Општина Битола која се одржа во салата на Народниот театар од Битола на КС Групација и беше доделена плакета за општествено одговорна компанија.

Добиеното признание е резултат на поддршката што Групацијата преку своите компании Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа, 77 Ентертејмент, Премиум Сејфти Солушн и 77 Софт, континуирано ја обезбедува за развој на спортот. Како редовен поддржувач на спортските активности КС Групација се истакнува со својата посветеност на развојот на спортот во регионот.

Во изминатата година КС Групација поддржа голем број на спортски настани, турнири како и голем број на клубови меѓу кои РК Еурофарм Пелистер, КК Куманово, ФК Напредок, ФК Кичево, боксерскиот клуб Самурај, сопствениот клуб ФК Евротип и многу други.

Компанијата е исто така еден од спонзорите на Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, кој на истата манифестација беше прогласен за најдобра екипа за 2024 година. Ова признание за РК Еурофарм Пелистер е резултат на нивните одлични достигнувања, а поддршката од КС Групација игра голема улога во нивниот успех.

КС Групација ќе продолжи и во иднина да инвестира во спортски проекти со што ќе овозможи поголем раст на спортот и изградување на една општествено одговорна и стабилна заедница. Ова признание дополнително ја потврдува визијата на КС Групација како еден од најголемите поддржувачи на спортот и општествено одговорни иницијативи во регионот.

Забрането преземање на фотографиите !