КС Групација со поддршка кон јубилејот на СОУ Јосип Броз Тито

КС Групацијата како збир на општествено одговорни компании ја поддржа огранизацијата на прославата по повод одбележувањето на 80-годишнината од наставата на современ македонски јазик во гимназијата “Јосип Броз Тито” во Битола.

Претставници од секторот човечки ресурси беа присутни на проекцијата на двата документарни филма кои беа создадени специјално за одбележување на овој значаен јубилеј. По проекцијата на двата филма директорката на Гимназијата им додели благодарница на сите ученици, нивните ментори и сите други кои активно учествуваа во реализацијата на овој настан.

КС Групација за својот придонес во организацијата на настанот исто така доби благодарница која дополнително ја потврдува ангажираноста на групацијата кон поддршката на образованието и културата во Македонија.

Претставници од менаџерскиот тим на КС Групација беа присутни и на свечената академија која се одржа во Центарот за култура во Битола со која заврши одбележувањето на самиот јубилеј.

КС Групацијата гордо го поддржа овој важен настан, кој не само што ја одбележува историјата на образованието во Македонија, туку и ја потврдува посветеноста на заедницата во зајакнувањето на македонскиот јазик како важен дел од иднината на младите генерации.

КС Групација ќе продолжи и во иднина да биде сојузник на настаните кои ја поддржуваат промоцијата на образованието и културата во Македонија.

Забрането преземање на фотографиите !