КС Групацијата подели коледарски пакетчиња во пресрет на Божиќните Празници
КС Групацијата во чиј состав влегуваат повеќе Битолски компании меѓу кои и Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејмент во духот на празничното расположение подели коледарски пакетчиња на децата во црквата "Свети Константин и Елена" во Битола.
Секоја година традиционално и единствено се одржува коледарска прослава во оваа црква. КС Групацијата како општествено одговорна групација традиционално организира делење на детски пакетчиња за Новогодишните и Божиќните Празници.