КС Групација донираше новогодишни пакетчиња во Дневниот центар во Кичево - Qendra Ditore
Во пресрет на Новогодишните празници КС Групација традиционално организира донаторски акции на новогодишни пакетчиња. Детската насмевка и радост се најубавиот декор на секој празник. Дечињата од Дневниот центар во Кичево искрено се израдуваа на новогодишните пакетчиња. Детската еуфорија е уште поголем поттик за приказ на хуманитарниот дух на КС групација. КС Групација ќе продолжи и во иднина со овие традиционални предновогодишни донации.