КС групација со донација на новогодишни пакетчиња во Гостивар
КС Групација како дел од својата стратегија за општествена одговорност секоја година донира новогодишни пакетчиња таму каде што е најпотребно. Оваа година Евротип компанијата која е дел од КС Групацијата донираше новогодишни пакетчиња во Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби подружница Гостивар. Овој период на празнично расположение е време кога треба да се разбуди хуманоста во секој од нас.
КС Групацијата традиционално секоја година со ред организира вакви хуманитарни акции со кои ја прикажува својата хуманост на дело. КС Групација со личен пример сака да ги поттикне и другите компании да дадат свој хуманитарен придонес кон општеството.