КС Групацијата им подели новогодишни пакетчиња на децата од своите вработени

КС Групација како збир на општествено одговорни компании и оваа година продолжи со традицијата на доделување новогодишни пакетчиња за децата на своите вработени.
Со свечена манифестација во духот на претпразничното расположение во комфорниот амбиент на единствената Голд Фелициа, Снешка и Дедо Мраз им ги поделија пакетчињата на децата. Детската радост, возбуда и насмевки беа најдрагоцената и најубавата слика на самиот настан.

КС Групација ги цени и почитува своите вработени и со овој мал, но значаен гест им покажува благодарност на своите вработени за нивната посветеност и труд. Оваа година КС Групација ќе додели над 340 новогодишни пакетчиња за децата на своите вработени низ цела Македонија.

КС Групација им ги честита новогодишните празници на своите вработени и им посакува многу радост, топлина и убави моменти со нивните семејства.

Забрането преземање на сликите !