Управување со ризик

Управување со ризик

Објавен на : 04.09.2025
Активен до: 19.09.2025
Локација: Битола

Дали си аналитичен, внимателен и имаш страст за бројки и стратегии?
Доколку сакаш да бидеш дел од динамична индустрија и да имаш клучна улога во заштитата на компанијата од финансиски ризици – ова е вистинската можност за тебе!
Опис на работните задачи:
Следење и анализа на обложувачки трендови и модели на ризик.
Идентификување на сомнителни активности и потенцијални измами.
Одредување на лимити на облози и управување со квоти за различни настани.
Изработка на извештаи и препораки за подобрување на системите за контрола на ризик.
Предвидување на влијанието од одредени настани врз профитабилноста на компанијата.
Потребни квалификации:
Завршено високо образование (предност: економија, математика, статистика или сродни области).
Искуство со анализа на податоци или работа во слична позиција – ќе се смета за предност.
Познавање на обложувачката индустрија и спортски настани.
Одлични аналитички и комуникациски вештини.
Работа со Excel и/или други аналитички алатки
Одговорност, дискреција и способност за носење брзи и прецизни одлуки под притисок.
Нудиме:
Конкурентна плата и бонус систем базиран на резултати.
Можност за професионален развој и напредување.
Работа во стабилна и растечка компанија со одличен тим.
Обука и поддршка при вклучување во работниот процес.